Барселона го претстави 18-годишниот Јусуф Демир како ново засилување од редовите на Рапид Виена. Каталонците го позајмија супер-талентираниот австриски офанзивец, со опција неговиот договор да се откупи за 10 милиони евра следното лето.
Демир во новата сезона ќе игра за Б тимот на Барселона каде што ќе може да го истакне својот потенцијал, па во иднина да се бори за место во првиот тим.
За Рапид беше во првотимец во изминативе две сезони во кои Демир запиша 31 настап и учинок од шест погодоци.
https://twitter.com/FCBarcelonaB/status/1413452925712564228