Новогодишен „подарок“: Обложувач од Велес си ќари половина милион денари (Фото)

Крајот на 2024 година беше среќен за многу обложувачи во Sport Life. Еден обложувач кој во неделата уплатил тикет во Велес сигурно ќе има дополнителен мотив за славење откако успеа да ќари 505.500 денари.

Овој експерт за обложување можеби одел по народната поговорка „фрли рипче, фати крапче“, па решил малку повеќе да ризикува за да дојде до огромна добивка. Одиграни се само два меча, и тоа од италијанската Серија А, Милан – Рома (1:1) и Јувентус – Фиорентина (2:2). На двата меча комбинациите се исти. Одиграно е дуелите да завршат нерешено, а на полувреме да бидат постигнати најмалку два погодока. Квотите за оваа игра беа 11 и 13,5.

Милан и Рома на полувреме играа 1:1, а тој резултат остана и на крајот. Резултатот 1:1 на полувреме беше и во Торино меѓу Јувентус и Фиорентина. Во вториот дел Старата дама поведе со 2:1, но Фиорентина со гол во 87-мата минута стигна до 2:2 за голема радост на обложувачот што го уплатил тикетот во Велес.

На крајот, со вложени 4.000 денари, добивката на овој тикет е одлични 505.500 денари.

- Оглас -

Најнови вести