Новогодишна донација од Sport Life

Sport Life продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија. По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за нив сакаме да прераснат во традиција. Имено, и минатата и оваа година имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња, да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за Новата година. Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е скапоцена“, истакнува Петар Поцков, маркетинг-директор на Sport Life.

Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби, како и за децата во згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив. Тие се дел од најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената одговорност на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести