Новогодишни „хулигани“: На теренот фрлени илјaдници играчки (Видео)

Бетис на свој терен одигра само 1:1 во дуелот против Еибар, но овојпат главни на мечот беа навивачите на домашниот тим. Фановите на Бетис направи една хуманитарна акција со која треба да ги израдуваат сите оние деца од регионот кои не можат да добијат подароци за претстојните празници.

Католичкиот Божиќ е на 25 декември, а убавото расположение кај навивачите на Бетис беше проследено со еден голем „дожд од играчки“. На полувремето од мечот, фановите од сите страни од трибините на стадионот „Бенито Вилјамарин“ започнаа да фрлаат со мечиња и други плишани играчки.

Сето тоа бепе во рамките на хуманитарната акција, наменета за да се израдуваат дечињата кои тешко дека ќе добиеја подарок да не се фановите на Бетис.

 

 

- Оглас -

Најнови вести