Обложувалниците Sport Life посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи. Во очекување на новата 2025 година, компанијата додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.
По тој повод беа посетени повеќе институции и домови како: Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА НАША“- Куманово, ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, Здружение за ретки болести „КОКИЧИЊА“, Центар за помош на лица со ментален хендикеп „ПОРАКА НЕГОТИНО“ – Волково.
„Им благодариме за убавиот прием, за радоста и насмевките кои ни ги подарија, сите деца и лицата од ранливите категории, за нас ова претставува благородна традиција и дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество. Таа со голема радост и задоволство ќе ја продолжиме и во иднина, воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на Sport Life обложувалници – изјави Петар Поцков, маркетинг-директор на Sport Life.