Типувањето за новото 14-то коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза само што почна, а во главната понуда има 13 дуели од најсилните лиги во Европа.
Најатрактивно во претстојниот викенд ќе биде дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер сити и Челзи, а треба да биде интересно и на пресметката на Лидс со Манчестер јунајтед, како и на Вулфс и Вест хем кои почнуваат в сабота во 16 часот и тоа е терминот до кој може да се прогнозира.
Во Серија А се истакнуваат два меча, гостувањето на првакот Наполи во Рим кај Лацио и мечот на Аталанта и Рома.
Како и во секое коло, главен предизвик за секој прогнозер е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 дуели. Оној кој ќе има перфектен биланс ќе добие iPhone 16.
За една утка и 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 денари, а 11-ката носи ваучер од 500 денари.


