Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре ќе добие нов генерален спонзор. Австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе го преземе спонзорирањето на најголемиот фудбалски бренд во Македонија.
Договорот ќе биде потпишан утре напладне, во просториите на „Новоматик Македонија“. Вардар пред три дена почна со подготовки за новата сезона, досега е доведено едно засилување, дефанзивецот Филип Најдовски, а обновен е договорот и со Дејан Ѓуриќ.
Тренерот Горазд Михајлов најави седум–осум засилувања за следната сезона, со што Црвено-црните ќе имаат конкурентен ростер за највисок пласман во претстојната сезона.