22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Новопечениот македонски репрезентативец потпиша нов договор со ОФК Београд

Од менаџерската агенција на македонскиот десен бек Стефан Деспотовски се пофалија дека тој потпишал нов двегодишен договор со ОФК Београд.

Деспотовски кој доби повик од селекторот Благоја Милевски за јунските дуели на македонската А-репрезентација, парафираше нов договор со српскиот суперлигаш.

Десниот бек кој има 22 години, имаше одлична сезона во Србија и не е случајно што клубот реши да го задржи со нов договор. Инаку Стефан има играно и за Шериф Тираспол, младинскиот тим на Црвена Звезда, како и Работнички и Графичар.

- Оглас -

Најнови вести