Новото 20-то коло на Спортска прогноза е тука, проверете кои се паровите што може да ви донесат премија

Редовните играчи на Спортска прогноза знаат дека вторник 14 часот е терминот во кој се објавуваат паровите за новото коло, па така е и денеска, објавена е понудата со 13 пара од најсилните лиги во Европа.

Во претходното коло никој не доби вредносен ваучер од Sport Life, но имаше повеќе десетки.

Типувањето за новото, 20-то коло сезонава почнува сега, а ќе трае до сабота во 15.30 часот, за кога се закажани мечевите Келн – Волфсбург и Херта – Аугсбург. Во основната понуда има уште пет меча кои се играат в сабота. Тоа се Евертон – Астон вила, Кадис – Рајо Валјекано, Шалке – Штутгарт, Лече – Сасуоло и Валенсија – Реал Сосиедад.

За недела остануваат лондонското дерби Тотенхем – Челзи, потоа Нант – Рен, Салернитана – Монца, Фрајбург – Баер Леверкузен, финалето на англискиот Лига куп Ман. јунајтед – Њукасл (треба да го погодите исходот по 90 минути), како и француското дерби Марсеј – ПСЖ.

Тука се и резервните парови Реал Мадрид – Атлетико Мадрид и Милан – Аталанта.

Главниот предизвик е да се погодат сите 13 понудени пара и да се стигне до Среќна 13-ка. Доколку некој успее да биде перфектен и да ги погоди фиксовите на сите 13 пара, ќе може да си одбере една од главните премии, а тоа се: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен еротинет и X Box Series X.

За 12 погодени меча, подарокот е вредносен ваучер од 1.000 денари, а за 11-ка следува 500 денари ваучер од Sport Life.

Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести