35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Новото чудо на светското пливање е 12-годишно девојче од Кина

Минималната возраст за учество на Светско првенство за сениори во пливање е 14 години, но ако натпреварувачот ја исполнил квалификациската норма, може да настапи и пред да ги наполни тие години.

Светската јавност го запозна новото чудо од дете, кинеската 12-годишна пливачка Зиди Ју, која дебитираше на Светското првенство во Сингапур. Таа е ученичка од северната провинција Хебеи, а настапи во квалификациите на 200 метри мешано и избори полуфинале со 15-то време (2:11,90), што е за 1,27 секунди послабо од нејзиниот најдобар резултат оваа сезона. Ова е дисциплината во која има најслаб резултат, а дополнително ќе настапи и на 400 метри мешано и 200 метри пеперутка.

На кинеското државно првенство во мај во Шенжен, Зиди Ју победи на 400 метри мешано и 200 метри пеперутка, а на 200 метри мешано беше втора. Нејзините најдобри резултати на 200 метри пеперутка и 200 метри мешано спаѓаат меѓу најдобрите во светот годинава. Со тие времиња на Олимписките игри во Париз 2024 би била четврта во финалето.

- Оглас -

Најнови вести