Фудбалерите на Арсенал забележаа нова победа во трката за титулата во Премиер лигата, откако на „Емирати“ со 2-0 го совладаа Евертон.
Вториот гол на мечот го постигна младата надеж на Топчиите, Макс Дауман, кој има само 16 години и 73 дена, станувајќи најмлад стрелец во историјата на Премиер лигата.
Во последните секунди од натпреварот, Дауман го искористи тоа што голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, се најде во нападот, истрча во противнапад и постигна погодок во празната мрежа.
Со овој гол тој го урна рекордот кој повеќе од 20 години го држеше Џејмс Воан, кој на 10 април 2005 година постигна гол за Евертон против Кристал Палас.
Дауман само што наполни 16 години и веќе се смета за еден од најголемите таленти на Арсенал, а ова е сигурен знак за почеток на голема кариера.

