Новото чудо од дете на Барселона ќе добие нов договор на неговиот 16-ти роденден

Најновата фудбалска сензација, Ламин Јамал, кој изминатата сабота стана најмладиот играч кој некогаш настапил за првиот тим на Барселона, наскоро ќе добие нов договор. Тоа ќе се случи во јули и тоа на неговиот 16-ти роденден.

Ламин Јамал на натпреварот против Бетис кој заврши со убедливи 4:0, влезе во игра во 83-та минута и со 15 години, девет месеци и 16 дена и стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона кој настапил за првиот тим.

Јамал во саботата го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинес Саги кој во 1922 година, на неговото деби за Барселона беше два месеци постар.
Ламин Јамал идната сезона треба да биде дел од првиот тим на Барселона и да добие поголема улога и минутажа.

- Оглас -

Најнови вести