Новото германско чудо Ник Волтемаде се договори за трансфер во Баерн

Напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, постигнал договор со Баерн Минхен за трансфер во редовите на германскиот шампион. Според информациите, 23-годишниот фудбалер и Баерн имаат комплетен „дил“, а Волтемаде сака веднаш да се приклучи на баварскиот гигант.

Сепак, засега не се водат официјални разговори меѓу двата клуба. Волтемаде има договор со Штутгарт до 2028 година и во него нема откупна клаузула, а клубот немаше намера да го продава. Сепак, блесокот на фудбалерот може да ја промени стратегијата на клубот.

Потенцијалниот договор со Баерн би бил со важност до 2030 година, а личните услови на играчот се веќе договорени и трансферот е одобрен од раководството на минхенскиот клуб.

За Ник Волтемаде има интерес и од Реал Мадрид, Челзи, ПСЖ и неколку други европски гиганти по неговите одлични игри во изминатиот период.

- Оглас -

Најнови вести