Новото коло на Спортска прогноза е предизвик, репрезентативните натпревари веќе не се толку неомилени

Квалификациските европски натпревари за Светското првенство 2022 година и младинското ЕП, се на менито на новото 29-то коло на бесплатната Спортска прогноза, и тоа е освежување за сите прогонозери, после серија викенди во кои имаше мечеви од насилните лиги во Европа.

Во минатото, традиција беше потешко да се погодуваат исходите на репрезентативните мечеви, но на Спортска прогноза сезонава имавме кола и во кои имаше доста погодоци кога на менито беа мечеви на национални тимови. Затоа, од денеска до сабота во 18 часот, искористете ја приликата да станете потенцијален добитник на некоја од наградите.

Премија е мобилен телефон „ајфон 11“, за погодени максимални 13 парови од основната понуда. За 12-ка следува ваучер од обложувалниците Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодени, ваучер од 500 денари кој може да го искористите во Sport Life.

Дуелот помеѓу Норвешка и Турција в сабота од 18 ќе означи и почеток на натпреварите што се во понудата за ова коло на популарната Среќна Тринаесетка, и токму до тој термин ќе можете да се вклучите со свои прогнози.

Од саботната понуда, тука се и пресметките Србија – Португалија, Чешка – Белгија, како и пресметките на младите У-21 селекции на Германија со Холандија и Шпанија против Италија.

Во фокусот в недела ќе биде гостувањето на Лихтенштајн во Скопје против Македонија. Кај овој пар, се очекува огромен процент на прогнозите, можеби и сите 100 проценти, да бидат за единица.

Тука ќе бидат и мечевите Исланд У21 – Данска У21, Хрватска У21 – Швајцарија У21, Ерменија – Исланд, Израел – Шкотска, Романија – Германија кој е дерби во нашата група, потоа Русија У21 – Франција У21 и Португалија У21 – Англија У21.

Секако мора да се прогнозираат и двата резервни парови, тие се пресметуваат за генерален пласман, каде трката за првите места и наградите е неизвесна.

Единствен услов за улество е да имате СЛ Клуб картичка од Sport Life. Забавувајте се!

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести