17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Новото коло на Спортска прогноза е шанса да се надмине десетката и да се добие подарок

Од вчера почна типувањето за 30-тото коло сезонава од бесплатната Спортска прогноза, а предизвик за играчите е да се погодат сите 13 натпревари од топ 5 европските лиги.

Во претходните три кола, најмногу што погодуваа прогнозерите беа десет пара и редно е после три „стативи“ да има играчи кои ќе добијат вредносни ваучери од 1.000 или 500 денари за 12 односно, 11 погодоци, па зошто да не и премијата која сами ја бирате.

Прогнозерот со 13 погодени натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X).

Типувањето за 30-тото коло трае до сабота во 15.30 часот, за кога е закажан првиот меч од основната понуда. Тука се и двата резервни пара кои се пресметуваат во трката во генералниот пласман, каде што најмногу профитираат оние најредовни играчи.

- Оглас -

Најнови вести