Новото коло на Спортска прогноза е тука, главен предизвик се неколку големи дербија

Малку недостасуваше да има добитници на подароци во минатото коло, а од денеска почнува типувањето за новото, 12-то коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија, со тоа и нова шанса за добивка.

Во сабота се играат шест натпревари, додека во недела седум.

Понудата за новото коло е од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, а најатрактивни натпревари се дербијата Њукасл – Манчестер јунајтед, Феенорд – ПСВ, Наполи – Интер и Барселона – Атлетико Мадрид.

Прв меч од основната 13-ка е Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм, кој се игра в сабота и почнува во 15.30, исто како и Бохум – Волфсбург, и тоа е терминот до кој може да типувате.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат вредносен ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести