Новото коло на Спортска прогноза е тука, мора да одиграте ако верувате дека 7 и 10 се среќни бројки

Јубилејното десетто коло од седмата сезона во најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено и може да почнете со типувањето кое трае до сабота попладне.

За многумина суеверни, бројките 7 и 10 важат за среќни, па ова 10-то коло од седмата сезона треба да го искористите со надеж дека ќе бидете добитник на награда.

Прв меч од основната понуда е Венеција – Парма, кој се игра в сабота од 15 часот, а тука се и дуелите Брентфорд – Борнмут, Кристал палас – Фулам, Еспањол – Валенсија и Леганес – Севиља од саботната програма.

Недела ги носи средбите Нотингем ф. – Њукасл, Ница – Лил, Монпелје – Брест, Челзи – Арсенал, Хетафе – Жирона, Хајденхајм – Волфсбург, Интер – Наполи и Бенфика – Порто, кои се поинтересни од саботните.

Тука се и резервните парови Вест хем – Евертон и Јувентус – Торино, кои се сметаат во генералниот пласман.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести