Новото коло на Спортска прогноза е тука, погодени дербија може да ви донесат „ајфон 11“

Неколку дерби-дуели се главниот предизвик да се одигра 25-тото коло на нашата бесплатна Спортска прогноза. Типувањето веќе може да почне, отворено е од 14 часот и ќе трае до сабота во 16, за кога е закажан почетокот на првиот меч од основната понуда на „Среќна 13-ка“, а тоа е Вест Бромич – Брајтон.

Веќе в сабота попладне, од 16.15 часот е првото големо дерби во понудата. Треба да го погодите исходот на дуелот на Севилја и Барселона. Севилја е во супер форма, Барса е во криза, а неодамна во Купот Андалузијците ги победија Каталонците со 2-0. Дали ќе има реприза или овојпат Меси и другарите ќе се реваншираат, останува вие да процените.

Интересни се и другите саботни мечеви: Лидс – Астон вила, Хетафе – Валенсија и португалското дерби за титула помеѓу Порто и водечкиот Спортинг Лисабон. Спортинг му бега на Порто цели 10 бода и ова е последна шанса за Порто да се врати во борба за трофејот.

И неделата е полна со интересни мечеви. Почнуваме со Лестер – Арсенал во 13 часот, се завршува со Вилјареал – Атлетико Мадрид, а помеѓу нив има дербија од типот ПСВ – Ајакс, Челзи – Манчестер јунајтед, Рома – Милан и Марсеј – Лион и не толку атрактивни пресметки како Кротоне – Калјари и Удинезе – Фиорентина.

Веќе в недела околу 23 часот ќе се знае дали во ова коло ќе има добитници на награди. За 13-ка,следува „ајфон 11“, за 12-ка наградата е ваучер од Sport Life од 1.000, а за 11 погодоци ваучер од 500 денари.

Резервните парови се Алавес – Осасуна и Кристал палас – Фулам. Тие се бројат во вкупниот биланс за Генерален пласман. Во генералниот пласман има мртва трка на врвот, првото место го делат тројца прогнозери и како што стојат работите, до крајот нема да се знае победникот.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести