Едно од најголемите градски дерби-дуели не само во Италија, туку во целиот свет е кога на мегдан ќе се појават Милан и Интер. По Јувентус, тоа се двете најтрофејни италијански екипи, иако во последниве неколку години се далеку од резултатите кои ги остварувале во славното минато.
Без разлика што немаат шанса во трката за титулата во Серија А, дербито секогаш носи посебно возбудување. Овојпат тоа е меч на две екипи кои се борат за позиција која води во Лигата на шампионите за следната сезона. Милан е третопласиран со 51 бод, а Интер е веднаш зад „росонерите“ само со еден бод помалку. Рома е најблиску до нив со 47 бодови и „римската волчица“ чека кикс на миланските екипи.
Во есенскиот дел од сезоната Интер како домаќин победи со 1-0, а сега Милан ќе ја има улогата на домаќин, што значи дека три-четвртини од трибините ќе бидат со навивачи на „црвено-црните“. Без разлика кој е домаќин, дербито може да се реши само со еден потег и со моментна инспирација. Токму затоа е и еден од најинтересните мечеви за прогнозирање во ова коло.
Освен дербито на Милано, на понудата на Спортска прогноза има уште 12 средби за играње. „Среќна 13-ка“ носи освојување на мобилен телефон iPhone XS, додека еден утнат пар ќе ви донесе мобилен телефон Samsung Galaxy A6. Секако има и вредносни ваучери од Sport Life за 11 и 10 погодени средби.
Погледнете ја понудата на мечеви за деветтото коло во пролетниот дел од Спортска прогноза и прогнозирајте.