Новото коло на Спортска прогноза тргнува со Англичаните, а треба да се внимава на три средби

Новото, 21-во коло од Спортска прогноза е на самиот праг и ќе започне во сабота со стандардниот англиски термин од 16:00 часот.

Иако нема натпревари од најсилните европски лиги поради репрезентативната пауза, сепак, и овие средби во понудата се навистина предизвикувачки за да се добие како подарок новиот „ајфон 12“.

Јасно, како и претходно досега, треба да се погодат сите натиревари за да се дојде до овој прекрасен телефон.

На три натпревари треба да се обрне внимание од оваа рунда бидејќи постои можност тие да не бидат решени во регуларните 90 минути, па ќе мора да се играат дополнителни 30 минути и евентуално пенали.

За да нема никакви забуни, потребно е да го погодите исходот во регуларното време, односно по 90 минути, а доколку се игра дополнителни 30, тие не се важат.

Првата таква средба е за два дена од 17:00 часот, кога во четврт-финалето ќе играат Гамбија и Камерун, каде што организаторот на АФКОН е огромен фаворит и во негова победа веруваат дури 85,94 отсто од играчите.

Потоа, исто така во рамките на ова натпреварување, се среќаваат Буркина Фасо и Тунис, каде што во триумф на гостите во регуларно време веруваат дури 77,75 отсто.

Третата ваква средба ни доаѓа од Купот на Франција, каде што во осминафиналето Ленс и Монако ќе ги одмерат силите.

Во победа на Монако веруваат 69,93 отсто, за реми, пак, има 22,98%, додека за триумф на Ленс се само 7,09%.

За да учествувате во оваа бесплатна игра, потребно е да имате СЛ картичка, која, пак, доколку ја немате, тогаш можете бесплатно да аплицирате во кој било уплатен објект на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести