Новото коло на Спортска прогноза започнува во нередовен термин, играчите веќе имаат фаворит

Паровите за новото, 24-то коло од Спортска прогноза веќе ги имате на страницата на Sport Life.

Оваа рунда започнува во нередовен термин, сабота 15:00 часот, и тоа со средбата меѓу Сампдорија и Емполи од италијанската Серија А лига. Играчите имаат јасен фаворит, а тоа е домаќинот за кого, барем во моментов, веруваат дури 85,11%.

Дека ќе биде нерешено, сметаат 11,97 отсто, а за гостите ќе навиваат само 2,91 проценти.

Како што е добро познато, и во ова коло потребно е да се погодат сите 13 натпревари и да се добие прекрасниот „ајфон 12“. Тие со еден промашен пар како утешен подарок ќе добијат 1.000, а со две утки 500 денари ваучер од Sport Life.

За да учествувате во оваа бесплатна игра, потребно е да имате SL картичка која доколку ја немате, можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести