Со неодамнешната смена на челните луѓе во македонската кошарка, надежта беше дека работите ќе тргнат на подобро, но не изгледа дека е така. Додека се чека списокот на кошаркари кои ќе настапат во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство 2026 година, веќе има едно откажување и тоа од стручниот штаб кој неодамна беше промовиран.
Боби Митев се повлекува од стручниот штаб, а причината е неисполнување на условите кои му биле ветени и биле причина да си подаде рака со новото раководство на КФСМ. Митев е со богато искуство и сигурно требаше да одигра важна улога во создавањето на новата генерација во сениорскиот тим.
Митев им посакал среќа на селекторот, Марјан Илиевски и останатите соработници на претстојните мечеви против Романија и Унгарија во претквалификациите.
Илиевски за помошници ги има Борче Даскаловски и Мирко Петревски, а се очекува испразнетото место по заминувањето на Митев да се пополни со тренерот на Пелистер, Дејан Илиевски.
Македонија во претквалификациите нема да смета на неколку стандардни репрезентативци како што се Ненад Димитријевиќ, Војдан Стојановски, Бојан Крстевски и Андреј Маслинко. Најавено е дека во составот нема да има ниту натурализиран Американец.