Новото засилување на Њукасл го одбра бројот на такси-возилото што го возел неговиот татко

Њукасл го претстави Бруно Гимараеш, кој дојде од Олимпик Лион. Фудбалерот кој минатата година со Бразил го освои златото на Олимписките игри во Токио, за околу 40 милиони евра направи трансфер во најбогатиот клуб во светот.

Гимераеш потпиша четири и пол годишен договор, а ќе го носи дресот со бројот 39. Токму овој е бројот што го имало такси-возилото на таткото на Бруно.

Бразилецот е второ најскапо засилување во историјата на клубот. Њукасл во овој преоден рок досега ги доведе и Киран Трипие и Крис Вуд, а во предвидениот рок треба да комплетира договорот со Дан Бурн од Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести