Новото засилување на Црвена ѕвезда направи шоу со добро позната песна (Видео)

Кога нов фудбалер ќе дојде во Црвена ѕвезда, традиција е на своите соиграчи да им успее некоја песна, па така Италијанецот Филипо Фалко кој дојде од Лече, само што му се придружи на тимот на подготовките во Турција, беше приморан да ја продолжи традицијата.

„Меси од Саленто“ како што го викаат Фалко, со помош на соиграчите од белградскиот тим, направи фешта во хотелскиот ресторан каде вечераа. Тој ја одбра песната „Бела чао“ која е добро позната и на овие простори. Песната која ја пееја италијанските партизани за време на Втората светска војна, се ореше во Турција од Фалко и целиот тим на Ѕвезда.

https://twitter.com/i/status/1355599159961780230

- Оглас -

Најнови вести