6.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Ножички на Бонацоли и бомба на Чалханоглу ја одбележаа вечерта во Серија А (Видео)

Интер беше подобар од Фиорентина со 3-0 во меч кој требаше да биде најинтересен од трите вечерни во италијанската Серија А, но домашните беа доминантни и победија со два гола на Чалханоглу и еден на Сучиќ.

Првиот гол на Турчинот беше вистинска бомба која ја упати прецизно кон противничката мрежа. Голот за 1-0 погледнете го ТУКА. Со оваа победа Интер се искачи на трето место, со три бода помалку од Наполи и Рома.

Славеше и Кремонезе, кој со 2-0 триумфираше на гости кај Џенова, а Федерико Бонацоли беше двоен стрелец. Новиот прволигаш има три победи сезонава, додека Џенова уште нема ниедна и е последна на табелата само со три бода. Бонацоли во четвртата минута даде атрактивен гол со ножички.

Немаше гол на средбата Болоња – Торино.

- Оглас -

Најнови вести