ФИФА ги обелодени тројцата кандидати за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во фудбалската 2023 година.
Изборот не беше лесен, годинава паднаа многу убави и атрактивни голови, но жирито одбра три.
Првиот е на Хулио Енсизо од Брајтон, кој во мај постигна феноменален гол со шут од далечина против Манчестер сити и ја круниса убавата акција.
https://twitter.com/i/status/1735322881339334957
Вториот кандидат е Гилерме Мадруга од Ботафого Сао Пауло, кој во јуни даде гол со ножички од голема далечина на дуелот со Новоризонтино.
Третиот гол е на Нуно Сантош од Спортинг Лисабон. Во март годинава тој погоди атрактивно со „рабона“ на дуелот со Боависта.
https://twitter.com/i/status/1735322955385594219