Нубел одлично мина по бруталниот мајагери нокаут за Гачиновиќ

Александер Нубел доби мала казна од само 4 меча по неверојатно тешкиот прекршок што го направи на дуелот меѓу неговиот Шалке 04 и Ајнтрахт во неделата.

Со мајагери удар голманот на Шалке 04 го нокаутира српскиот интернационалец Мијат Гачиновиќ, а чудо е како гостинскиот играч куртули од потешка повреда.

Стартот на Нубел е еден од најбруталните во историјата на фудбалот, а ударот беше директно со копачка во градите на Гачиновиќ. Голманот на Шалке доби директен црвен картон со дополнителна казна од четири меча пауза.

- Оглас -

Најнови вести