Нухиу: Мечот со Македонија за нас е најважен во животот

Напаѓачот на косовската репрезентација Атде Нухиу изјави дека за сите во неговиот национален тим утрешното гостување кај Македонија е најважно во нивните кариери.

„Ова е најважен натпревар во нашите животи и ќе дадеме сè од себе за да оствариме позитивен резултат. Пред четири години не можевме да си замислиме дека ќе бидеме во ваква позиција да бидеме на два меча од место на ЕП. Растевме како тим и со самодоверба дојдовме до тука“, изјави Нухиу. Во косовскиот тим се оптимисти и покрај отсуството на клучни играчи, како Муриќи, Рахмани и Рашица. „Ослабени сме, но нема песимизам. Секој од нас ќе даде максимум и ќе ја покаже својата вредност. Веруваме дека може да победиме. Одвај чекаме да почне мечот“, изјави Нухиу, кој е играч на кипарскиот АПОЕЛ.

Селекторот на Косово, Бернар Шаланд, изјави дека повеќе би сакал да се играше со публика и со тројцата кои ќе бидат отсутни утре отколку вака на празен стадион и со ослабен состав.

- Оглас -

Најнови вести