8001 Вашингтон визардс – Торонто репторс (НБА, 00 часот)
Двете екипи веќе играа меѓу себе сезонава и неочекувано лесно Вашингтон го победи Торонто со 98:83 на гости.
Уште поголемо изненадување се малиот број на поени на две екипи што играат брза кошарка.
Тимот на Торонто претрпе многу измени од шампионскиот состав што ја освои историската НБА-титула во 2019 година и сега се обидува да фати приклучок кон екипите што се кандидати за плејоф.
Им недостасува Олстар-крилото Паскал Сијакам, кој е повреден и тоа е голем хендикеп за Рептилите. Сепак, успеваат да држат баланс и позитива и моментно се со ефект од 5 победи и три порази.
Вашингтон има еднаков број победи и еден пораз помалку и важи за една од екипите што игра ран-енд-ган кошарка, односно со многу трчање и брзо завршување на нападите.
Бредли Бил е тивок на почетокот на сезоната, но се очекува и од него и од соиграчите повторно да одиграат во свој стил, брза кошарка. Торонто има добри бекови шутери и може да одговори на предизвикот во меч со повеќе од 213 поени.
Предлог тип: >213.5 поени (1.94)
8424 Индијана пејсерс – Њујорк никс (НБА, 00 часот)
Инадијана пејсерс има дури 6 порази на 7 меча против ривали од Источната конференција, што покажува дека на стартот на новата сезона не им оди најдобро со конкурентите во нивното опкружување.
Пејсерс имаат и слаб старт воопшто, само со две победи и шест порази, за разлика од Никс, екипа што почна одлично и има биланс од 5-2.
Њујорк игра добро во последно време против Индијана и нанижа три победи против големиот ривал, а славеше и на последното гостување во Индијанаполис со 106:102.
И сега гостите имаат поквалитетен тим и се во подобра форма, па типуваме дека ќе ја продолжат серијата успеси против Индијана.
Предлог тип: 2 (2.03)
8536 Кевин Дурант (НБА, Бруклин – Атланта, 00.30 часот)
Во отсуство на Кајри Ирвинг, во Бруклин сè му е подредено на Кевин Дурант, а во последно време првата ѕвезда на Мрежичките е нервозен и двапати реагираше неспортски.
Еднаш куртули од исклучување на мечот со Индијана пејсерс, кога го фрли баскетот во публика, но на следниот меч беше исклучен откако намерно со лакт го удри Кевин Олиник.
Сега, веројатно Дурант ја научи лекцијата дека и за него нема да има попуст, па би требало да биде подисциплиниран. Кога е на своето ниво, може лесно да ја мине границата од 27 поени што е поставена за него за дуелот со Атланта.
Против Хоукс му оди одлично и како играч на Бруклин, Дурант редовно против нив постигнува 30-ки, па и повеќе поени.
Предлог тип: >27.5 поени (1.80)
8542 Тре Јанг (НБА, Бруклин – Атланта, 00.30 часот)
Слична како на Дурант е приказната и на Тре Јанг во Атланта. Тој е главната ѕвезда во тимот што е многу компактна целина и е еден од фаворитите во трката за титулата.
Иако има одлични кошаркари на сите позиции, многу работи кај Атланта зависат од одличниот бек. Кога има своја вечер и кога сака да игра како што знае, Јанг е еден од најдобрите пет бека во Лигата и еден од најдобрите кошаркари моментно во НБА.
Има продор, одличен преглед на игра, брз е, техниката му е врвна и има сосема солиден шут, па може да се каже дека е комплетен играч.
Бруклин и Атланта честопати во последно време играа ултраефикасни мечеви, па нема причина и сега да не биде така на меч на кој Јанг лесно може да даде повеќе од 25 поени.
Предлог тип: >25.5 поени (1.85)
1605 Чикаго блекхокс – Каролина хурикејнс (НХЛ, 01.30 часот)
Каролина игра импресивно на почетокот на новата сезона, а ефектот од 8 победи на исто толку натпревари одамна не е забележан во НХЛ-лигата.
Ураганите рушат сè пред себе, во нападот се извонредни, а примија и убедливо најмалку голови, само 12.
Чикаго сосема спротивно има само една победа, и тоа против скромниот тим на Отава во последниот меч, откако нанижаа дури 9 порази.
Каролина нема пораз од Чикаго во регуларен дел на пет меча по ред, а и ноќеска е фаворит, па коефициентот од 2.15 во Супер типот на Sport Life вреди да се одигра.
Предлог тип: 2 (2.15) Супер тип на Sport Life