Нема да има милост за најтрофејните, Монтреал не може да ги симне ѕвездите на Далас

8332 Монтреал канадијанс – Далас старс (НХЛ, 00 часот)

Најтрофејната екипа во историјата на НХЛ-лигата, Монтреал, е во голема криза, една од најтешките во клупската историја.

Канаѓаните имаат дури 24 пехари во Стенли купот, но сега се борат да го избегнат последното место во конкуренција на 32 екипи сезонава.

Далас со три порази по ред испадна од плејоф-зоната во Западната конференција и сега е деветти со еден бод помалку од Вегас.

За среќа на Старс, и конкурентите не играат добро, па ако ноќеска го победат Монтреал, можат да се пробијат меѓу осумте најдобри екипи во нивната конференција.

Патем имаат четири меча помалку од Вегас, што е голема предност, па ако успеат да слават со Монтреал ќе имаат предност во жестоката битка за место во доигрувањето за титулата.

Предлог тип: 2&5+ (2.25)

 

8333 Њујорк ренџерс – Њујорк ајландерс (НХЛ, 00 часот)

Дербито на Њујорк ветува голема битка во „Медисон сквер гарден“, а Ренџерс се фаворити и имаат многу подобра сезона од островјаните.

Домаќините се петти во Источната конференција, но разликата со лидерот Флорида не е голема и изнесува само 7 бода.

Плејофот не може да им побегне и разликата со деветтопласираниот Клумбус се големи 16 бода.

Ајландерс се далеку од плејофот, иако се десетти, со 21 бод помалку од осмопласираниот Вашингтон.

Тоа е недостижно за нив, а во последно време и губат од најголемиот ривал.

Ренџерс ги добија последните два меча и се блиску до хет-трик, но поради тоа што е локално дерби ќе одиграме и нула во двознакот.

Предлог тип: 1Х (1.44)

 

8337 Едмонтон ојлерс – Бафало сејбрс (НХЛ, 02 часот)

Нафташите од Канада влегоа во посакуваната форма во вистински момент и во последната четвртина од регуларниот дел на шампионатот играат одлично.

Моментно Едмонтон е седми во Западната конференција со 70 бода, а 8 екипи ќе играат во плејофот.

Конор Мекдејвид и Леон Драјсајтл повторно вршат огромна работа за Ојлерс и се меѓу топ-трите поентери во Лигата.

Мекдејвид е прв со 85 поени, од кои 33 се голови и 52 се асистенции, а Драјсајтл е на третото место во НХЛ сезонава со 83 поени, со ефект од 39 погодоци и 44 прецизни додавања за гол за соиграчите.

Бафало речиси и да нема шанси за настап во плејофот, јазот е голем и изнесува 28 бода со осмопласираниот Вашингтон, па до крајот на сезоната ќе играат без императив.

Предлог тип: 1&5+ (1.82)

 

8338 Лос Анџелес кингс – Сан Хозе шаркс (НХЛ, 03 часот)

Ова е исклучително важен меч за двете екипи кои бијат битка за настап во плејофот. Кралевите од Лос Анџелес стојат подобро и моментно се на шестата позиција во Западната конференција и ако останат во октетот, најдобри ќе играат за титулата во НХЛ.

Ајкулите се дури на 13-тата позиција со 60 бода и ова им е една од последните шанси со победа да ги продолжат надежите за плејоф.

Интересно е што во последно време и двете екипи често играа нерешено во регуларен дел на натпреварите.

Лос Анџелес има три „икса“ на последните пет меча, а истиот ефект го има и Сан Хозе, па иако е ризично, ќе типуваме дека по 60 минути игра ќе нема победник.

Предлог тип: Х (4.45)

 

8339 Ванкувер канукс – Детроит редвингс (НХЛ, 03 часот)

Детроит игра многу подобро во 2022 година отколку во претходната година, но иако има напредок, серијата од шест порази по ред, што сè уште е актуелна им ги разби амбициите за подвиг и битка за плејоф.

Ванкувер имаше една блескава низа од 7 победи во декември лани, веднаш по смената на тренерот Тревис Грин.

Брус Будро имаше летечки старт како кормилар на Канукс со 7 победи во првите 7 меча, а тимот се врати во игра за плејофот.

Моментно се десетти на табелата во Западната конференција, но имаат само еден бод помалку од Вегас, кој е осми и последен што би играл во доигрувањето според моментната ситуација.

Со победа против Детроит, Ванкувер ќе ги подобри драстично шансите за плејоф и типуваме дека ќе го надигра Детроит.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести