Њујорк губеше со 25 поени разлика, а на крај победи со луда тројка во последна секунда (Видео)

Навивачите на Њујорк никс презадоволни си заминаа дома, откако нивните миленици им приредија позитивен шок на дуелот со Бостон селтикс. Гостите доминираа во првото полувреме, на четири минути до крајот на првото полувреме имаа и предност од 25 поени разлика, но домашните не се предаваа, а со тројката на Канаѓанецот Р.Џ. Берет во последна секунда, и победија со 108-105.

Тројката која предизвика земјотрес во „Медисон сквер гарден“ не беше од лесна позиција, туку Берет беше надвор од баланс, пред себе имаше противнички играч и имаше доста среќа, бидејќи топката прво се одби од таблата, па влезе во кошот.

Во последните 25 сезони, Никс само двапати добиле меч на кој имале минус од 25 разлика. Освен Берет, огромна заслуга за победата на Њујорк има Еван Фурние. Французинот кој од Селтикс дојде во Никс, му се одмазди на својот екс клуб со личен рекорд од 41 поен. Фурние погоди 10 тројки што е изедначување на клупскиот рекорд.

Феникс санс немаше проблем со некомплетниот Лос Анџелес клиперс, и стана прв тим кој сезонава извојувал 30 победи. Плејмејкерот Крис Пол направи трипл-дабл, а имаше и личен рекорд од 13 скока. Мемфис дојде до седмата победа по ред, прегазувајќи го Детроит, а Голден стејт претрпе неочекиван пораз од Пеликанс.

Резултати од синоќешните мечеви: Њујорк – Бостон 108-105, Мемфис – Детроит 118-88, Њу Орлеанс – Голден стејт 101-96, Феникс – ЛА Клиперс 106-89.

Погледнете ја тројката на Берет за победа на Никс:

- Оглас -

Најнови вести