Еван Фурние (НБА, Кливленд кавалирс – Орландо меџик 01 часот)
Бекот на Орландо игра одлично во последно време и на последните пет меча, четирипати одеше над 20 поени, колку што е границата во додатокот за НБА во Sport Life.
Еден од тие мечеви беше токму против Кливленд, пред десеттина дена кога Еван уфрли 30 поени и беше прв стрелец во победата на Меџик од 111:106.
И ноќеска речиси сигурно нема да игра Никола Вучевиќ, центарот на Орландо и една од главните ѕвезди во тимот, што значи дека Фурние повторно со Гордон ќе треба да биде лидер на тимот што игра многу солидно сезонава во НБА лигата.
Францускиот репрезентативец игра во топ-форма и очекуваме да си го подбри просекот кој сега изнесува 19.8 поени и да ја мине границата од 20 поени.
Предлог тип: > 20.5 поени (1.90)
Чикаго булс – Голден стејт вориорс (НБА, 02 часот)
Чикаго булс почна и да победува во обидот да ги подобри работите во сезоната во која целта е да се обезбеди настап во плејофот.
Тимот е во транзиција со доста млади играчи, а главен адут и ноќеска треба да биде Зак Лавињ. Кога тој игра како што знае тимот функционира добро.
Голден стејт е восерија од 4 порази, а последната победа им е токму против Биковите. Гостите заедно со Њујорк се најслабиот тим во НБА сезонава, а проблемите се веќе познати.
Голден стејт комплетно го исмени тимот, дел принудно поради повреди, дел поради заминувањето на Кевин Дурант. Без Стеф Кари и Клеј Томпсон некогашниот шампион и една од најсилните екипи во оваа декада не личи на себе, па ефектот од 4 победи и дури 19 порази е исклучително лош. Чикаго сака реванш, има во моментов подобар тим од Воините и типуваме единица.
Предлог тип: 1 (1.55)
Мајами хит – Вашингтон визардс (НБА, 02 часот)
Мајами повторно има тим за плејоф и тоа и го докажува во првата четвртина од новата сезона во НБА лигата. Иако постојано имата проблеми со повреди на дел од клучните играчи Хит играат одлична кошарка.
Во дел од сезоната не им играа Драгич, Винслоу и Вејтерс што е хендикеп, бидејќи се работи за членови на стартната петорка. Ноческа повторно Словенецот нема да игра, а под знак прашалник е и настапот на Винслоу.
Сепак некои нови момци како Кендрик Нан и Тајлер Хиро максимално си ја користат шансата. Тука е и големата НБА ѕвезда Џими Батлер, кој е лидер на тимот што има осличен биланс од 15 победи и 6 порази.
Повредите го сардисаа и Вашингтон визардс, па и ноќеска нема да настапат центарот Том Брајант и бекот Џон Вол, кој е отустен од почетокот на сезоната. Неизвесен е и настапот на Ајзеа Томас, па се очекува сигурна победа на Мајами.
Предлог тип: 1-1 (1.55)
Оклахома сити тандерс – Минесота тимбервулфс (НБА, 02 часот)
Последните дуели на овие две екипи изобилуваа со кошеви, а во тој ритам и сезонава играат и Оклахома и Минесота.
Горе-доле и двете екипи ќе ги имаат сите глави адути на располагање и имаат состави што играат брза, динамична и атрактивна кошарка.
Домаќините ќе ги предводи една од најголемите НБА ѕвезди во последната декада Крис Пол, а бековските позиции им се посилната страна дополнети со Шај Гилџиус- Александер и Денис Шредер.
Минесота ќе ги има на располагања двата Ол-стар кошаркари Таунс и Вигинс, па се очекува нов ефикасен дуел на Оклахома и Минесота.
Предлог тип: > 219.5 поени (1.98)
Њујорк ренџерс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 01 часот)
Ренџерите од Њујорк влегоа во ритам и се меѓу водечките екипи на Истокот според учинокот во последните 10 натпревари. Тргнаа лошо во сезоната, но се случува пресврт и победи против фаворитите и за титулата во НХЛ.
За разлика од нив Монтреал е во голема криза со само една победа на последните 10 натпревари. Хокеарите на 24-кратниот орвак имаат и многу проблеми со повредите, но и играат лошо во финишот на годината, иако се уште се конкурентни за позициите што водат во плејофот.
Разликата меѓу двата тима е само еден бод во корист на Њујорк, а изненадувачки коефициентите го фаворизираат Монтреал.
Пред неполни две седмици одиграа вистинско дерби со многу пресврти и голови, а славеше Ренџерс со 6:5 на гостински терен.
Веќе е познато дека двете екипи се дел од Оригиналните шест што ја формираа НХЛ лигата, имаат богати колекции со пехари и овие мечеви се со посебен шмек.
Поради подобрата форма ќе типуваме дека Њујорк нема да загуби од Монтреал во легендарната сала „Медисон сквер гарден“.
Предлог тип: 1Х (1.59)