Њујорк конечно ќе најде магија за гостинска победа против Орландо

8354 Орландо меџик – Њујорк никс (НБА, 01 часот)

Њујорк никс има одлична стартна петорка што ја предводи еден од најдобрите кошаркари ви НБА лигата Џулиус Рендл, а топ засилување во новата сезона е Ева Фурние.

Францускиот репрезентативец блескаше на дебито за Никс и постигна 32 поени во драматичната победа по продолженија против Бостон селтикс.

Сега ќе игра против својот поранешен тим и интересно додека беше играч на Орландо меџик немаше пораз на домашен терен од Њујорк никс.

Орландо има четири победи по ред на домашен терен против екипата од Њујорк, но сега работите се променети и гостите се фаворити.

Меџик имаат многу нови играчи, а дека ќе им треба време да се воиграат потврди и стартниот пораз од 123:97 од Сан Антонио.

Предлог тип: 2-2 (1.72)

 

8583 Бостон селтикс – Торонто репторс (НБА, 01.30 часот)

Торонто не е ниту сенка од шампионскиот тим што во 2019 година за првпат во историјата стана првак во НБА лигата. Си заминаа Кавај Ленард, сега и Кајл Лаури и Репторс бележат скромни резултати.

Бековската линија, Ван Флит и Горан Драгиќ е главната сила на тимот, но голем хендикеп е што не игра Паскал Сијакам, едно од најдобрите моќни крила во НБА лигата.

Стартот им беше лош, со тежок пораз од Вашингтон со 15 поени разлика, а сега им следи уште потежок меч со Бостон. Келтите загубија во драматичен меч од Њујорк никс на стартот од сезоната, па ќе сакаат со победа да се рехабилитираат.

Браун, Тејтум, Смарт… и останатите кошаркари на Бостон се поквалитетни од гостите и очекуваме прва победа на едне од најтрофејните клубови во НБА лигата.

Предлог тип: 1 (1.46)

 

8584 Филаделфија 76 – Бруклин нетс (НБА, 01.30 часот)

Филаделфија иа проблем со суспеднираниот Бен Симонс, играч со голем потенцијал што досега не успеа докрај да го развие во НБА лигата. Сепак и без него 76-те славеа убедливо со 20 поени разлика на премиерниот меч во новата сезона против Њу Орлеанс пеликанс.

Двете останати Ол-стар ѕвезди на Филаделфија, Џоел Ембид и Тобијас Херис беа одлични и со вкупно 42 поени и 18 скока беа лидери во првата победа во 75-та сезона на НБА лигата.

Сосема спротивно од нив дрим-тимот на Бруклин нетс загуби катастрофално од шампионот Милвоки бакс со 23 поени разлика. Веднаш на стартот јасно е дека на тимот мнигу му недостасува Кајри Ирвинг, а неговиот случај со невакцинирање ги погоди Мрежичките.

Ирвинг одбива да се вакцинира, а Бруклин му забрани да тренира и игра додека не го стори тоа, што ја наруши атмосферата во тимот, кој беше посочен како еден од главните кандидати за титулата.

Филаделфија има три победи по ред против Бруклин и типуваме дека ќе го искористи хаосот кај Бруклин и ќе заблежи нов триумф.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

8586 Чикаго булс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 02 часот)

Пеликанс постојано се во трансфромација во последните неколку сезони, што се одразува на резултатите. Сега првата постава и не им е лоша, со Инграм, Валанчиунас, Греем, Харт и Александер-Волкер, но сепак реално се далеку од горниот дом во НБА лигата. Голем проблем им е отсуството на Зајон Вилијамсон, кој е главната ѕвезда на Пеликанс

Филаделфија ги декласираше во првиот меч со 20 поени разлика, а и ноќеска Њу Орлеанс е аутсајдер против Чикаго булс.

Биковите направија топ-тим со ангажманот на Демар ДеРозан и сега имаат одлична петорка со него и со Зак Лавињ, Никола Вучевиќ, Лонзо Бол и Патрик Вилијамс. Имаат и добри резерви, Чикаго повторно сонува големи дострели во НБА лигата и типуваме дека ќе го победат гостинот со поголема разлика од шест поени.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 6.5 поени (1.95)

 

8453 Вегас Голден најтс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 04 часот)

Тимот од Вегас внесе свежина во НХЛ лигата, откако пред четири години станаа челнови на најсилната хокеарска лига на светот. Веднаш во првата сезона како дебитанти играа и финале што е уникатен подвиг. Играа пелјоф во сите четири сезони како НХЛ-лигаши, а и лани беа одлични со настап во полуфиналето од Монтреал канедиенс.

Сега тргнаа малку послабо со два порази и една победа, а ривал им е опасниот тим на Едмонтон. Ојлерс се први во Западната конференција со 8 бода и четири победи на четири меча.

Фантастичното дуо МекДејвид и Драисајтл повторно играат брилинатно и заедно имаат 19 поени во Топ-5 според поените во НХЛ лигата. Гостите се ефикасни, Вегас може да им парира и ќе типуваме дека ќе се игра ефикасен меч во градот на коцката.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести