Њујорк никс 25 години чека конференциско финале, сега дома има меч-топка против шампионот

Еден меч се игра ноќеска во НБА-плејофот, и тоа во рамките од Источната конференција. Њујорк никс на свој терен има втора меч-топка против актуелниот НБА шампион Бостон селтикс. Мрежичките водат со 3:2 во победи и сонуваат дека вечева може да стигнат до конференциското финале, и тоа за првпат по пауза од точно 25 години.

Бостон важеше како фаворит во оваа пресметка со Њујорк, но Селтикси беа непријатно изненадени откако загубија двапати на свој терен. Сега Бостон на гости мора да победи затоа што евентуален пораз ќе значи крај на сезоната за актуелниот првак.

Во понудата за овој меч има одлични комбинации за бројот на постигнати поени на играчите кои ќе бидат на теренот. Тука се и „плус-минус“ границите за бројот на асистенции, скокови, како и бројот на постигнати тројки.

- Оглас -

Најнови вести