За малку: Њујорк никс спречи обложувач од Скопје да заработи 4.000 евра со 20 денари уплата! (Фото)

Како ретко кога, сите десет домашни екипи според квотите беа фаворити во мечевите од кошаркарската НБА-лига кои се одиграа рано утрово, а девет ја оправдаа улогата и победија, додека единствен домаќин кој загуби беше Атланта хокс против Њујорк никс.

Токму овој меч, кој заврши со триумф на Никс од 122-101, растажи обложувач од Скопје бидејќи чекаше добивка од околу 4.000 евра само со 20 денари уплата.

На тикетот се типувани десет кеца, со комбинација со плус и минус поени. Овој скопјанец ги погодил исходите и бројот на поени дури на девет меча, но утна само кај Атланта – Њујорк. Потребни беа барем 234 поени и победа на домашните, а славеа гостите во дуел со 223 поени.

- Оглас -

Најнови вести