Кошаркарите на Њујорк никс намалија на 2-1 во финалната серија од Источната конференција против Индијана пејсерс откако победија на гостински терен со 100-106. Никси ги загубија првите два меча пред своја публика, но сега со голем пресврт успеаја да ја намалат негативата.
Мечот започна со иницијатива на гостите, но Индијана брзо го презеде водството, па откако ја доби првата четвртина со четири поени разлика, во вториот период дојде и до убедливи +20. Во второто полувреме Њујорк почна да ја топи предноста на противникот, но само до 10 поени разлика, со колку што се влезе во последниот период.
Последната четвртина мина во комплетна доминација на гостите, кои го добија периодот со 20-36 и го комплетираа пресвртот за победа од 100-106. Таунс со 24 поени и Брансон со 23, беа најефикасни на паркетот.