23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Њујорк пак им се врати на поразите во серија

Сакраменто кингс го победи Њујорк никс во меч што беше многу значаен за гостите во битката за плејофот. Кингс славеа во „Медисон Сквер Гарден“ со 102:94, а главна ѕвезда на мечот беше ДеАрон Фокс, кој постигна 30 поени.

Голема помош имаше и од вториот бек Бади Хилд кој уфрли 19 поени, а Сакраменто се задржа на деветтото место на западот во НБА лигата и има шанси за плејоф настап.

Њујорк повторно е во губитнички тренд, има пет порази во низа, а вечерва и немаше посебно расположен кошаркар за победа против Кингс.

Денис Смит јуниор со 18 поени беше најефикасен кај домашниот тим, кој е убедливо последен во Источната конференција и е најслаб тим во целата лига.

- Оглас -

Најнови вести