Њујорк спремен за славење, почнува летниот одмор за Ембид и Адетокумбо?

Њујорк вечерва ја има првата прилика да ја елиминира Филаделфија, а тоа важи и за Индијана против Милвоки, додека Кливленд и Орландо во петтиот меч ќе играат за кој да поведе со 3-2 во оваа серија во НБА-плејофот.

Никс е фаворит против 76-ките и ако победи, со 4-1 ќе оди понатаму и ќе ги испрати Џоел Ембид и другарите на летен одмор. Ембид не се појави на последниот тренинг, но се очекува да стегне заби и да игра. Неговото присуство е од суштинско значење за тимот. Кога тој даде 50 поени, Филаделфија го совлада Њујорк.

На прагот на елиминација е и Милвоки, кој дома има задача да си ја продолжи сезоната барем за уште еден меч. Кај Бакс неизвесен е настапот на Јанис Адетокумбо и Демиен Лилард. Без нив двајца, Милвоки е многу послаб тим, затоа и квотите за конечен тип ја фаворизираат Индијана.

Ќе биде многу интересно во Кливленд, каде што Орландо доаѓа осоколен по двете победи по ред со кои изедначи на 2-2. Досега во оваа плејоф-серија победуваа само домаќините, а Кливленд ниеднаш на тие четири меча не успеа да постигне повеќе од 97 поени, па ако некаде бркате минус поени, ова е меч-кандидат за такво нешто.

Целосната понуда на Sport Life може да ја најдете ТУКА, а во неа има и по 53-ца кошаркари за кои може да се обложите дали ќе имаат плус или минус поени и скокови од зададената граница. Има и 53-ца играчи за миксот поени, скокови и асистенции, како и 50-мина за асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести