Њујоршкото и тексашкото дерби најпривлечни во НБА-понудата

Детроит пистонс – Вашингтон визардс (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Детроит има пет порази по ред, првиот од тие пет му беше на 17 декември токму од Визардс, кога паднаа над 250 поени, па сега е шанса за Клиповите да се реваншираат. Пистонс дома не победил од 7 декември. Тимот има проблем поради слабата форма и честите отсуства на Блејк Грифин. Вашингтон игра променливо, но има седум повредени и еден суспендиран играч и сезонава се радуваше само девет пати.

Предлог тип: >229.50 (1.90)

 

Бруклин нетс – Њујорк никс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Бруклин е седми на Истокот и има три победи на последните четири меча, а Никс е претпоследен и има три порази по ред. Бруклин дома има три победи едноподруго во дуелите со градскиот ривал и изненадувачки добро се снаоѓа со некомплетен состав во кој отсуствуваат и ѕвездите Дурант и Ирвинг. Без Ирвинг, имаат 12-6, а Дурант не игра цела сезона. За Никс ова е десетти меч со привремениот тренер Мајк Милер, засега се на 3-6.

Предлог тип: Х 2 -9.50 (1.65)

 

Далас маверикс – Сан Антонио спарс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Во последните пет меча, двата тима играат во ритамот „победа-пораз“, па сега е редот Далас да победи, а Сан Антонио да загуби. Ова се соседи од иста сојузна држава. Дивите телиња ги совладаа Мамузите со 117-110 на 19 ноември, но тогаш Дончиќ даде 42 поени. Не се знае дали Лука ќе игра бидејќи беше повреден. Ако има кој да го надомести тој поентерски учинок од минатиот пат, Далас повторно ќе слави. Сан Антонио на сите мечеви во декември и даваше и примаше над 100 поени.

Предлог тип: Х 1 -7.50 (2.00)

 

Оклахома сити тандер – Мемфис гризлис (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Тандер има четири победи по ред и веќе е во плејоф-позиција и е фаворит против Гризлите. Оклахома дома нема пораз од 5 декември наваму, а овие тимови и пред една недела играа еден против друг во истата сала. Тогаш домашните славеа со 126-122. Неизвесен е настапот на Галинари кај Оклахома, но домашните би требало да извојуваат победа.

Предлог тип: 1-1 (1.80)

 

Јута џез – Портланд трејлблејзерс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Двата тима загубија во претходниот меч и со тоа им завршија убавите триумфални серии. Интересно е што традицијата е на страната на гостите. Пионерите победија на три од последните четири гостувања во Солт Лејк сити. Но, Јута дома е опасна и има 11-3. Лилард утна десет обиди за тројка по ред и ќе сака да си ја врати ефикасноста, па би требало да даде барем 25 поени. Џезерите девет дена не играле пред својата публика, затоа и единицата може да биде опција.

Предлог тип: Демиен Лилард >24.5 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести