Еден од најдобрите светски судии, Полјакот Шимон Марчињак, синоќа донесе една контроверзна одлука со која директно влијаеше врз изгледот на табелата во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите и го спаси Пари Сен Жермен од големи маки околу пласманот во осминафиналето.
Реакциите се жестоки, особено во Англија.
Во 97-мата минута, откако ја погледна снимката, Марчињак додели пенал за парижаните на дуелот со Њукасл. Топката прво го удри Ливраменто во телото, а потоа се одби и го допре неговиот лакт. За Марчињак тоа беше пенал, Килијан Мбапе даде гол за 1-1 и сега ПСЖ има 7 бода, два повеќе од Њукасл и Милан.
Да не беше овој пенал и гол, ПСЖ ќе имаше еден бод помалку од Њукасл, а во последното коло паровите се Борусија Дортмунд – ПСЖ и Њукасл – Милан.
https://twitter.com/i/status/1729729925387534546