Њукасл е пред потпис со играч на Манчестер јунајтед, а се чека и ѕвезда на Тотенхем

Зимскиот преоден рок се ближи кон крај, а Њукасл уште нема ниту едно звучно засилување. Клубот кој од неодамна го има приматот за најбогат во светот, сезонава има мисија да се спаси од испаѓање од Премиер лигата. По 21 меч, Њукасл има освоено само 15 бодови и е на 18-тото место, кое не носи опстанок.

Саудискиот принц Мохамед бин Салман во следните неколку дена очекува на „Сент Џејмс парк“ да пристигнат барем две звучни имиња. Првото е Џеси Лингард од Манчестер јунајтед, кој би дошол како позајмен играч на шест месеци, а потоа и да остане меѓу Чавките, и тоа како слободен играч бидејќи договорот со гигантот од „Олд Трафорд“ му истекува на крајот од сезонава.

Второто звучно име кое може да го облече дресот на Њукасл е Деле Али од Тотенхем, а најавите се дека двата тима се многу блиску до постигнување договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести