Њукасл е тим со убедливо најголем напредок во Премиер лигата, лани ова време беа претпоследни, сега се трети! (Фото)

Ако ги споредите табелите во англиската Премиер лига после 16 одиграни кола лани и годинава, може да се забележи огромниот напредок на Њукасл, и големиот пад на Вест Хем во однос на ова време минатата сезона.

Њукасл во минатата сезона, после 16 рунди имаше само 10 бода и беше претпоследен, а сега има 30 бода и трети е на табелата. Од друга страна, Вест Хем лани бил четврти, а сега е 16-ти.

Лидер на табелата годинава е Арсенал со 37 бода, што е за 11 бода повеќе од скорот кој го имаа во минатата сезона ова време, и напредок за пет позиции. Пад имаат Ливерпул кој сега е шести, а лани бил втор со 15 бода повеќе од тоа што го има сега, и Челзи кој истотака има 15 бода помалку од лани.

Интересно е што Манчестер јунајтед и оваа и минатата сезона е петти после 16 кола, а разликата во учинокот му е само еден бод. На иста позиција како лани се и Брентфорд и Лидс.


- Оглас -

Најнови вести