30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Њукасл е во безизлезна ситуација: Александер Исак побарал трансфер!

Ливерпул веќе ги ангажира Флоријан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг, но тоа нема да биде крај на трансферите за актуелниот шампион на Англија. Црвените притискаат за потписот и на Александер Исак, а најновите информации од Островот говорат дека и самиот фудбалер побарал од раководството да му дозволи трансфер.

Сега Њукасл е во безизлезна ситуација и ќе мора да го продаде својот најдобар фудбалер, а Ливерпул планира да понуди пакет кој би достигнал сума од 140 милиони евра, вклучително и бонусите.

Доколку и ваквиот трансфер се реализира, Ливерпул може да дојде до фантастични 450 милиони евра потрошени за трансфери ова лето.

Сепак, за да се реализира трансферот, потребно е да го продадат Луис Дијас на Баерн Минхен, а за него планираат да добијат 67 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести