Њукасл го договори првото големо засилување

Њукасл ќе биде една од најактивните екипи на претстојниот трансфер-пазар, а новите газди нема да штедат пари за да го зачуваат клубот во Премиер лигата.

Сопствениците од Саудиска Арабија го договорија првото засилување, а станува збор за Александр Лаказет од Арсенал.

Французинот не е редовен стартер во тимот од Лондон и е на излезни врати, а неговиот договор истекува по крајот на сезоната.

Во јануарскиот преоден рок тој ќе го смени тимот и дефинитивно ќе биде еден од главните играчи на Чавките, коишто грчевито ќе се борат за опстанок.

Лаказет дојде во Арсенал како големо засилување од Лион во трансфер вреден 53 милиони евра, но не ги оправда вложените средства.

- Оглас -

Најнови вести