Тимот на Њукасл со 1:0 го совлада Вулверхемптон во воведниот натпревар од 32-то коло во Премиер лигата.
Стрелец на единствениот гол за Свраките беше Крис Вуд кој во 72-та минута го реализираше пеналот, кој претходно го направи голманот на гостите, Хосе Са.
За овој чувар на мрежата, ова е третиот пенал во кој што го направил и со тоа стана првиот голман во историјата на Премиерлигата на кого му успеало вакво нешто.
Со ова, Вулверхемптон направи чекор назад во борбата за излез во некое од европските натпреварувања бидејќи останаа на 49 бода и се под број девет.
Од друга страна, пак, Њукасл сега има 34 ѝ е на 14-то место со што ќе имаат мирна завршница, по катастрофалниот почеток на сезоната.
3 – José Sá has given away three penalties in the Premier League this season, the most ever by a goalkeeper in a single campaign in the competition’s history. Rush. pic.twitter.com/nd0qwPxP6e
— OptaJoe (@OptaJoe) April 8, 2022