25.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Њукасл го купи Џејкоб Ремзи за 45 милиони евра

Њукасл продолжува со амбициозната трансфер политика ова лето. Клубот од „Сент Џејмс Парк“ официјално го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец до 21 година, Џејкоб Ремзи. Поранешниот играч на Астон Вила се пресели во Њукасл во трансфер тежок 45 милиони евра, со можност сумата да се зголеми уште за дополнителни четири милиони преку различни бонуси.

Ремзи стави потпис на петгодишен договор и ќе го носи дресот со број „41“. Со ова, една од најголемите желби на менаџерот Еди Хау конечно е исполнета, засилување на средниот ред со играч кој комбинира младост, брзина и креативност.

23-годишниот играч е вистински производ на академијата на Астон Вила, клуб за кој дебитираше на само 17 години. Во изминатите сезони прерасна во клучен фудбалер, настапувајќи на 167 натпревари и постигнувајќи 17 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести