5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Њукасл го „наполни“ Карабах за 7+ во Баку и ги реши дилемите уште по првиот меч (Видео)

Њукасл е патник во осминафиналето од Лигата на шампионите со оглед дека славеше против Карабах со убедливи 1-6 во првиот меч од плејофот. Реваншот дефинитивно ќе биде формалност.

Во овие 7+ во Баку голема улога одигра Ентони Гордон, кој постигна четири гола, и тоа само за едно полувреме.

Њукасл по првиот дел водеше со 0-5, гол постигна и Малик Тијао, а во второто и Карабах стигна до почесен погодок. Беше дело на Елвин Кафаргулијев во 54-тата минута.

Серијата голови ја затвори Џејкоб Марфи во 72-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести