Њукасл го победи Челзи и сега му се насмевнува место во Лига на шампиони (Видео)

Њукасл го доби дуелот со директниот ривал Челзи, победувајќи со 2:0 во 36 коло на Премиер лига. Со оваа победа Њукасл стигна до 66 бодови и сега е на третото место на табелата, додека Челзи остана на петото место со 63 бодови.

Жестока ќе биде битката за првите пет места на табелата кои водат во ЛШ. Арсенал кој е втор е со 67 бодови, Њукасл има 66, Манчестер сити е со 65, а Челзи и шестопласираната Астон вила имаат по 63 бодови.

Домашните навивачи на „Сент Џејмс парк“ се израдуваа два пати во дуелот со Челзи и тоа на почетокот на мечот и на крајот.

Сандро Тонали во втората минута одлично се снајде и го матираше гостинскиот голман за водство на Њукасл. Погодокот на Тонали може да го видите ТУКА.

Од 35 минута дополнително се искомплицира работата за Челзи, затоа што директен црвен картон доби Џексон и тоа поради удирање со лакт на противнички играч.

Во продолжение на мечот, Њукасл го контролираше резултатот, но и Челзи имаше свои шанси да стигне до 1:1, но гостите беа непрецизни. Се играше 90 минута кога Бруно Гимараеш со прекрасен шут од далечина по втор пат донесе радост за фановите на Њукасл и победа на домашниот тим од 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести