Фудбалерите на Шефилд јунајтед и Њукасл одиграа натпревар каков ретко се гледа на терените во Европа. Гостите дојдоа до преубедлива победа од 8-0, а она што е интересно, сите беа постигнати од различни фудбалери.
Во листата на стрелците се запишаа Лонгстаф, Брн и Ботман во првото полувреме, додека во вториот дел прецизни беа Вилсон, Гордон, Алмирон, Гимараеш и Исак.
Њукасл со оваа победа се искачи на осмата позиција на табелата и се уште е далеку од посакуваниот пласман, додека Шефилд јунајтед останува убедливо последен со само еден бод после шест кола во Премиер лигата.
Видео плејер
00:00
00:00
Видео плејер
00:00
00:00