По преземањето на богатите сопственици, апетитите на навивачите на Њукасл веднаш пораснаа, но со оглед на моменталната позиција, тешко е да привлечат ѕвезди.
Иако на почетокот ги поврзуваа со Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, па и Душан Влаховиќ, Чавките не се во позиција да доведат големо засилување поради опасноста од испаѓање во понизок ранк.
Затоа тие ги обезбедија услугите на напаѓачот на Барнли, Крис Вуд, кој за 25 милиони евра ќе се пресели на „Сент Џејмс парк“.
Вуд е 30-годишен напаѓач којшто во досегашниот тек од сезоната има постигнато само три погодоци.